Subscribe us via Google+

Saturday, October 11, 2014

frizersko studio







Добредојдовте во Фризерско студио
АДРЕСА
СОПИШТЕ - СКОПЈЕ.
УЛИЦА 24 БРОЈ 20,
ZIP 1054
ТЕЛ: +389 071 232065
Македонија
РАБОТНО ВРЕМЕ
ВТО-ПЕТ:09:00am-07:00pm
САБ:09:00am-07:00pm
НЕД: 80:00am-11:00pm
rating: 5 stars
email:tanjam1985@yahoo.com






Posetete ja stranicata na frizersko studio tim5 ve ocekuvaat golemi popusti!!!!

http://ivicamadzo.wix.com/studio-tim5

Фризерско студио, тим 5 ви нуди услуги по најниски цени на пазарот. Ние се одлучивме на ваков чекор за ваше задоволство.
Каде и да оди Македонската жена треба да биде секогаш Впечатлива и Грациозна, поради тоа услугите кај нас се прифатливи за секојдневно усовршување на вашиот изглед.
Фризерско студио тим 5 - ЛОГО
September 9, 2014
Понуда Шминка и Фризура ПАКЕТ за месец септември 
Со 3 Пакети добивате 100 мл ГРАТИС силиконски капки
Семинар

September 22, 2014
  Се одржа семинар за фризери во Александар Палас, стекнување на нови знаења и продукти кои дефинитивно стануваат се подобри и подобри за здравјето и негата на косата. Можам да кажам  слободно дека во зависност од тоа колку нега и внимание и посветувате на вашата коса  таа ќе ви врати со беспрекорен изглед.
      Кератинот за плава и оштетена коса дефинитивно го регенерира влакното и не само тоа ја освежува косата, и и го враќа изгубениот сјај.
Фризер стилист 
Тања Маџоска



Мрсна Коса September 27, 2014 За што помалку мрсна коса потребно е користење на ПХ неутрален шампон. По можност воздржување од мрсна храна Кога ја плакнете косата, користете млака вода, затоа што жешката вода додатно ја стимулира работата на лојните жлезди. Добри се и шампоните кои содржат лаванда, тие имаат благо антисептичко дејство и помагаат при регулација на коренот кај косата. Мрсната коса може да се мие секојдневно но без силни шампони и не со шампони за бебе. Избегнувајте сушење со фен или сушете од подалеку. Лицата на кои често им се масти косата треба да избегнуваат шешири или капи, затоа што оневозможуваат дишење на темето и поттикнуваат лачење на пот од потната жлезда. Густа и сјајна коса September 27, 2014 Густа коса полна со волумен е женствена и секси. Секоја жена сака бујна и густа коса, но многу девојки имаат тенка коса која бавно расте. Стресот, генетиката, неправилна исхрана, агресивни производи за нега на коса и бременоста се само некои од факторите кои влијаат на квалитетот на косата. Ако сакате брзи резултати за погуста коса, применете ги овие 10 трикови: 1. Шампон без сулфати. Честото миење може да ја исуши косата, а кога малку ја шампонирате, таа е хидратизирана и не е склона на пукање. Шампон без сулфати не содржи јаки хемикалии кои ја оштетуваат косата и го истенчуваат влакното. 2. Шампон за волумен. Кога ја миете косата сконентрирајте се на коренот и со врвовите од прстите цврсто масирајте ја главата за да се отстранат изумрените клетки на кожата и насобраните маснотии 3. Фенирање со главата надоле. Фризерските експерти го користат овој трик кога сушат виткана коса. Обидете се секогаш да се фенирате со главата надоле. Топлиот воздух на денот ќе ја подигне косата во коренот и ќе и даде густина и волумен. 4. Четка за коса со влакна од вепар. Четка која не одговара на косата може само да ја оштети. Користете округла четка со влакна од вепар за да и дадете волумен и природен сјај на косата. Оваа четка правилно ги распоредува природните масла на темето. 5. Фарбана коса. Новата боја за коса остава впечаток на волумен и визуелно и дава густина. Тенката коса обоена со квалитетна боја ќе изгледа погусто од порано. 6. Топло кокосово масло. За да имате природно густа коса, масирајте ја со кокосово масло. Загрејте го и со прстите нанесувајте на кожата на главата со кружни движења. Освен кокосово масло можете да користите и јојоба, бадемово или маслиново масло. Откако ќе го нанесете, намокрете пешкир во топла вода, исцедете ја водата и замотајте ја косата во него. Оставете така да отстои 15тина минути. Постапката повторете ја еднаш неделно за да го поттикнете растот на косата која ќе биде погуста и посилна. 7. Шампон за сува коса. Честото шампонирање не е здраво за темето и косата затоа што ја суши. Добро решение за освежување на косата е меѓу две миења да користите шампон за сува коса. Го зголемува волуменот и густината, а ги отстранува вишокот маснотии. 8. Масажа на темето. Стимулирајте го темето со масажа со шампон кој содржи пеперминт или еукалиптус. Маслото ја подобрува циркулацијата и крвотокот во фоликулите и го забрзува растот на косата. Пред миење, масирајте го темето 30 секунди. 9. Промена на фризура. Долгата коса може да изгледа ретко и тенко, затоа размислете за промена на фризурата. Шишките даваат впечаток на гута коса како и степенастите фризури во што повеќе слоеви. Ако сакате да направите екстензија на косата, одберете ја онаа со структура најслична на вашата коса. 10. Здрава исхрана. Здравата и врамнотежена исхрана е важна за здрава коса. Мора да содржи свеж зеленчук и овошје, мешункасти плодови, житарки, јајца, соја, млечни производи. Доволна количина протеини, калциум и витамини B, B3, B6, A, E и C е потребна за здрава коса.
Растурени локни за октомври 2014 година
September 28, 2014
Стилизирањето на локните, завршната фаза на креирање на одлична фризура најдобар избор за есен и пролет.
Погледнете го каталогот на фризури за месец Октомври.
Frizersko Studio tim5 phone +389 71 232 065 address: sopiste 24, Skopje, Macedonia tanjam1985@yahoo.com http://ivicamadzo.wix.com/studio-tim5 https://www.facebook.com/tim5studio http://4sq.com/1sFPSxt



Кератин спас за вашата коса !
September 29, 2014
Основна работа е да одберете производи кои и одговараат на вашата коса, ја одржуваат здрава и сјајна од нејзиниот корен.
Протеините се многу важни за косата бидејќи помагаат во производството на аминокиселини кои го поттикнуваат растот на косата. Косата е претежно составена од кератин, а тој настанува од аминокиселини, па поради тоа се препорачува консумација на протеини. Корисно е и да се отиде на стандардни третмани со кератин во фризерските салони, а ова ќе ја одржи вашата коса здрава и сјајна.
Важно е и темето никогаш да не е суво, затоа што ова води до појава на првут, а ова го спречува растот на косата.
Косата треба да ја заштитите од прашина, нечистотии и сонце за време на летото. Во исхраната е потребно да се внесува доволно витамин Б и Ц, како и железо и цинк. Недостатокот на железо и цинк доведува до слабеење на косата, па дури и до ќелавост. За здрава и убава коса, исклучително важна е и здравата исхрана.

Плава фарбана коса бара посебна нега!
October 1, 2014
Фарбана коса бара посебна нега!
Но, и покрај многубројните препарати за овој вид на коса, плавата коса кај многу девојки делува суво и безживотно. За да не биде тоа случајот и со вас, еве ви неколку совети за во иднина вашата коса да изгледа прекрасно. Најнапред треба да се знае дека подобро е да се користат фарби кои содржат пченични протеини бидејќи тие го негуваат и го штитат влакното.

ОТПЛЕТКАЈТЕ ЈА КОСАТА
Секоја коса која што е исушена од фарбањето многу тешко се чешла и многу е важно тоа да се прави со особено внимание, бидејќи врвовите на косата можат лесно да се искинат. Најдобро е по фарбањето на косата да нанесете хранлива маска за фарбана коса, со што ќе ја омекнете, потоа со прстите да ја одплеткате и на крај, со лесни потези на четката да ја исчешлате целата коса.
ШИШАЈТЕ СЕ ШТО ПОЧЕСТО
Доколку се фарбате често, вашата коса е сува и расцветена на краевите. Случајот може да биде и полош ако таквата коса премногу често се фенира и ако живеете во град каде што воздухот е загаден. Од тие причини најдобро за вас е редовно да се шишате, да скратите еднаш месечно по сантиметар-два од вашата коса.
НАНЕСУВАЈТЕ ПРЕЛИВИ
Со секое фарбање косата губе од својот квалитет. За да го спречите ова потребно е повремено да ја освежувате вашата коса со прелив од фарба или со колор шампон кој што не ја оштетува косата. Така ќе го одложувате терминот за вашето повторно фарбање, а со време вашата коса ќе станува се поздрава.
СУШЕТЕ ЈА КОСАТА ПО ПРИРОДЕН ПАТ
Фарбаната коса е мртва коса, а влакната немаат доволно заштита и тие се подложни на штетни влијанија. Од тие причини пожелно е косата да ја сушите по природен пат, бидејќи фенирањето, фигарото, дополнително ја сушат вашата коса.
ОДБЕРЕТЕ ГО ФРИЗЕРОТ
И секако најбитно од се е вашиот фризер да е вистински мајстор во својот занает.
Растот на косата , Проблем?
September 30, 2014
Многу девојки не сакаат ништо повеќе од долга и здрава коса, што понекогаш знае да биде фрустрирачки бидејќи косата едноставно одбива да ви порасне. Она што дури и повеќе ве нервира е тоа што ви изгледа како цело време да има иста должина, иако ако сте фарбани видливо го гледате коренот. Вашата коса можеби и расте, но каде оди таа должина? Зошто не станува подолга? Погледнете каков проблемот може да има вашата коса, и помогнете и да го одржи здравјето и да расте подолга. 

Дали редовно ја потшишувате?

Некои жени се обидуваат да достигнат поголема должина на косата со тоа што ќе го избегнат потшишувањето, но сепак не ја достигнуваат посакуваната должина. Сите ние имаме максимална должина на косата која ја достигнуваме во одреден период. Потоа косата едноставно почнува да се крши, наместо да продолжи да расте долга и здрава. Се додека не ги смените вашите дотогашни навики, ништо нема да се смени во врска со вашата коса. Потшишувајте ги оштетените врвови, користете термална заштита, безбедни топлински уреди, користете ја правилната маска и третмани за одржување на здравјето на косата, бидејќи вашите навики може да се виновникот за тоа што косата изгледа како да не ви расте. 

Генетика 

Сите ние имаме индивидуален циклус на растење на косата во кој нашата коса има потенцијал да ја достигне својата најголема должина. Оваа маскимална должина подразбира должина која косата ја достигнува без да почне да се оштетува. Ова не значи дека косата ќе престане да расте на одредена должина, туку откако ќе помине одредено време. Фазата на раст во голема мера е одредена генетски и вообичаено трае помеѓу две и шест години. 

Возраст 

Староста со себе си носи бројни здравствени компликации, а од неа не е поштедена ни нашата коса. Како што стареете, вашата коса станува се послаба. Долгогодишно фенирање, боење и сл. можат да придонесат кон видливо оштетување на здравјето на косата. Истражувањата покажуваат дека биологијата на косата се менува, и циклусот на растење се намалува. Ова значи дека со текот на годините влакното може да стане се потенко и пократко. Воедно, производството на масла на скалпот по 45 година почнува да се намалува, па косата може да биде помалку хидрирана, што ја прави склона кон исушување и оштетување.  

Оштетени врвови 

Вашата коса можеби изгледа како да не расте, но всушност можеби само се крши откако ќе достигне одредена должина. Честото бањање, четкање, фенирање и боење на косата можат да доведат до оштетени врвови и кинење на косата. Прегрубото третирање на косата, користењето на непрекриени ластичиња, и пречесто четкање можат да доведат до сувост и кршливост на косата. Бланширањето и боењето пак можат да предизвикаат губење на еластинот и влажноста на косата. Бидејќи косата расте околу центиметар и половина секој месец, со постојаното оштетување губи приближно исто толку, така што изгледа како многу малку, или воопшто да не расте.  

Здравствени проблеми 

Понекогаш и здравствени проблеми можат да се одразат на здравјето и должината на косата. Причина можат да бидат алергиите, дерматитисот, хормоналниот дисбаланс, проблеми со тироидната жлезда, или општи здравствени проблеми. 
Еден од најчестите причинители за појава ќелавост кај жените е состојба наречена андрогена алопеција. Овој вид на ќелавост се јавува на одредени делови, односно косата ослабува на одредени делови од скалпот, и се јавува како резултат на мешање на генетските со хормоналните фактори, односно кога одреден хормон ќе побуди ќелавост на одреден дел од косата кај луѓето со генетски предизпозиции. Во ваков случај косата расте побавно, станува посува, покршлива, а влакната стануваат се потенки. 

Исхрана

Исхраната и недостатокот на витамини можат да предизвикаат вистинска драма со косата. Важно е да внесувате доволно феритин, цинк, и витамин Б12 со цел да ја одржите посакуваната должина и квалитет на косата. Адекватна количина на железо и протеини исто така се неопходни за косата да расте здрава, и за превенција од кршливост и оштетување. Премногу активна, и недоволно активна тироидна жлезда исто така можат да имаат ефект на растот на косата. 

Дерматолошки заболувања на скалпот

Ова е посериозен и поредок проблем, но заболениот скалп може да предизвика воспаление кои може да го спречува растот на косата. Дерматолошките проблеми можат да доведат до губење на косата, а меѓу почестите вакви заболувања се сабореичниот дерматитис (перут), псоријаза, и габични инфекции. 

Сменете ги вашите навики 

Големи се шансите состојбата на вашата коса да може да се промени со едноставно менување на навиките. Намалете ја употребата на хемикалии и топлина. Обидете се да поминете барем некое време без фенирање, пеглање, боење или бланширање, обичниот фен на умерена температура може да направи сосема доволно. 

Сакате да ја одстраните фарбата од вашата коса!
October 3, 2014
Сакате да ја одстраните фарбата од вашата коса
И за тоа има решение! 
 Револуционерен отстранувач на боја за коса кој може да ви помогне да ја вратите вашата првична боја на косата.
Ја отстранува бојата за коса со намалување на молекулите на бојата овозможувајќи ви едноставно да ги исплакнете, враќајќи ја вашата најсветла нијанса.Не го допира природниот пигмент на косата и не ја оштетува, не содржи обелувач или амонијак, така што косата ја остава во добра состојба и е подготвена повторно да биде бојосана.
Најчесто поставувани прашања
Дали мојата боја на косата ќе биде иста како претходнта?
 Ви ја враќа природната или посветлата нијанса. Ќе ви ја врати природната боја на косата ако вештачката боја која сте ја нанеле е потемна од вашата природна боја. Ако претходно сте ја бланширале или осветлувале косата  не може да го поврати (оригиналниот) природен пигмент. Доколку сте нанеле многу темна или некоја од модерните бои (како изразито црвена или црна) на бланширана, порозна или сива коса, кутикулите може да се трајно обоени. Во тој случај  не може да го отстраните обојувањето на кутилулите.
Иако,  ќе ја отстраните вештачката, сепак ќе забележите дека вашата природна боја на косата е осветлена. Доколку се случи ова, за да ја вратите природната нијанса, едноставно изберете боја за коса која е блиска до вашиот природен тон и нијанса (секогаш изберете една нијанса посветла од вашата природна нијанса за да добиете реален резултат).
АКЦИЈА ЗА САМО 300 ДЕНАРИ! ​popust od 130%
October 5, 2014
АКЦИЈА ЗА САМО  300 ДЕНАРИ! popust od 130% НАЈЕВТИНО и поради тоа, Достапно за сите клиенти! Што е кератин? Структурата на косата е комбинација на комплексни протеини т.н. кератин и влажност. Кератинот, генерално е одговорен за цврстината и отпорноста на косата, додека нејзината природна влажност е одговорна за еластичноста, флексибилноста, мекоста, природниот и здрав изглед. За жал, исправувачи на коса, бојата, минивалот, фенирањето, сонцето, загаденоста, хемикалиите во базените, климите и секојдневното третирање на косата како што се чешлање и шампонирање може да го уништат нивото на кератинот и влажноста на косата. Како влијае кератинот? Ова е револуционерен третман кој користи комбинација на кератин кој би ја излечил оштетената коса заменувајќи го нејзиниот природен кератин кој е изгубен со фенирањето, фарбањето и други хемиски процеси. Овој унапреден третман произведува кератински наномолекули кои влегуваат длабоко во структурата на влакното. Вратете го сјајот на вашата коса со третманот за регенерирање на оштетена коса со кератин https://www.facebook.com/tim5studio http://ivicamadzo.wix.com/studio-tim5
ОМБРЕ ? ИЛИ SPOTLIGHTING (splash light)
October 10, 2014
Нов стил, нов тренд во бојадисување на косата!
Во светските портали се нагласува нова техника во бојадисување на косата која го заменува стилот ОМБРЕ.
Се работи за  SPOTLIGHTING бојадисување, бојадисување на дел од косата од јаболчниците и усните (средината на косата).
Се препорачува благо осветлување на косата за една или две нијанси со што се добива уникатен и интересен изглед на вашата коса. Секако за по храбрите има и креативни варијанти за осветлување на косата со оваа техника.
Омбрето е техника за бојадисување на врвовите на косата а spotlighting ...... погледнете за што станува збор! 

Ослободете се од Првут
October 7, 2014
Првутот е еден од најголемите непријатели на убавиот изглед на косата. Малите бели лушпи кои наликуваат на снегулки се лесно видливи и создаваат непријатен и неестетски изглед, па предизвикуваат срам кај луѓето. Освен тоа, првутот е виновник и за појава на иритирачко чешање и раздразнување на кожата на скалпот.
Проценето е дека околу 60% од луѓето се соочиле со проблемот првут во одреден период од животот. Првутот може да се појави на било која возраст по завршувањето на пубертетот, но неретко се појавува и за време на пубертетот. Се смета дека мажите почесто страдаат од првут отколку жените.
Ние ви препорачуваме дијагностика и третман 
во Фризерско студио тим5
на сигурен начин!

No comments:

Post a Comment