Subscribe us via Google+

Wednesday, October 29, 2014

Плава фарбана коса бара посебна нега!

Плава фарбана коса бара посебна нега!




Но, и покрај многубројните препарати за овој вид на коса, плавата коса кај многу девојки делува суво и безживотно. За да не биде тоа случајот и со вас, еве ви неколку совети за во иднина вашата коса да изгледа прекрасно. Најнапред треба да се знае дека подобро е да се користат фарби кои содржат пченични протеини бидејќи тие го негуваат и го штитат влакното.


ОТПЛЕТКАЈТЕ ЈА КОСАТА
Секоја коса која што е исушена од фарбањето многу тешко се чешла и многу е важно тоа да се прави со особено внимание, бидејќи врвовите на косата можат лесно да се искинат. Најдобро е по фарбањето на косата да нанесете хранлива маска за фарбана коса, со што ќе ја омекнете, потоа со прстите да ја одплеткате и на крај, со лесни потези на четката да ја исчешлате целата коса.



ШИШАЈТЕ СЕ ШТО ПОЧЕСТО
Доколку се фарбате често, вашата коса е сува и расцветена на краевите. Случајот може да биде и полош ако таквата коса премногу често се фенира и ако живеете во град каде што воздухот е загаден. Од тие причини најдобро за вас е редовно да се шишате, да скратите еднаш месечно по сантиметар-два од вашата коса.



НАНЕСУВАЈТЕ ПРЕЛИВИ
Со секое фарбање косата губе од својот квалитет. За да го спречите ова потребно е повремено да ја освежувате вашата коса со прелив од фарба или со колор шампон кој што не ја оштетува косата. Така ќе го одложувате терминот за вашето повторно фарбање, а со време вашата коса ќе станува се поздрава.



СУШЕТЕ ЈА КОСАТА ПО ПРИРОДЕН ПАТ
Фарбаната коса е мртва коса, а влакната немаат доволно заштита и тие се подложни на штетни влијанија. Од тие причини пожелно е косата да ја сушите по природен пат, бидејќи фенирањето, фигарото, дополнително ја сушат вашата коса.


ОДБЕРЕТЕ ГО ФРИЗЕРОТ
И секако најбитно од се е вашиот фризер да е вистински мајстор во својот занает.

No comments:

Post a Comment